Соопштенија

31 јануари 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ОГ, АМР, КБ И ЦИТОЛОГИЈА, ПОЛАГАНИ ВО ПРВА ДЕКАДА, ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА 2021

Резултатите од практичниот испит одржан во првата декада од Јануарско-февруарската сесија може да ги најдете на следниов линк:

Резултати од практичен испит

НАПОМЕНА: Колоквиумот по КБ и Цитологија се смета за положен со минимум 3.5 од вкупно 7 бода.  Практичниот испит по АМР се положува со минимум 10 од можни 20 бода. Практичниот испит по ОГ се положува со минимум 7 од можни 14 бода. 


26 јануари 2021

Резултати од испити одржани во прва декада (22.01.2021) по предметите кај проф. д-р Ленка Цветановска во јануарска испитна сесија

 


Резултатите се објавени на овој линк.


25 јануари 2021

УПИС НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА БИОХЕМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА

Почитувани колеги,

приложениот документ ги содржи сите потребни информации во врска со изборот и уписот на изборните предмети за насоката Биохемија и физиологија во летниот семестар од академската 2020-2021.

Со почит,

Координатор за насоката Биохемија и физиологија, м-р Марија Ангеловски

симни документ


25 јануари 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПИСМЕНИОТ ИСПИТ ВО РАМКИТЕ НА ПРВАТА ДЕКАДА ОД ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКАТА СЕСИЈА, ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ДИМЕСКА

Резултатите од писмениот испит со физичко присуство во рамките на Првата декада од Јануарско-февруарската сесија може да ги најдете тука.

Првиот колоквиум по АМР се положува со минимум 18 бода, а вториот со минимум 20 бода. Писмениот испит по ОГ се смета за положен доколку половината од збирот на вкупниот број на бодови од двата колоквиума не е помал од 24 бода, а при тоа бројот на освоени бодови од едниот од колоквиумите да не е помал од 18 бода.


25 јануари 2021

Двопредметни студии по биологија-хемија предмет Методика во биологијата со хоспитации

 

Се известуваат студентите од двопредметните студии по биологија-хемија кои ќе го запишат предметот Методика во биологијата со хоспитации во летниот семестар во учебната 2020/2021 година дека првата средба е на на 16.02.2021 на Zoom во 10 часот, на следниов линк https://us02web.zoom.us/j/4029116841. Присуството е задолжително. Понатамошните средби ќе се одржуваат на Microsoft Teams. 


25 јануари 2021

Термини за внесување оценки во индекс и пријава за студенти кои имаат положено предмет кај проф. д-р Катерина Русевска

26.01.2021 од 13:00 до 14 часот

05.02.2021 од 12 до 13 часот

Студентите треба да дојдат лично во Миколошката лабораторија со индекс и уредно пополнета пријава.


17 јануари 2021

Промена на термин за полагање

Почитувани колеги, 
Со оглед на тоа дека 19,01,2021 е неработен ден, термините за испит од овој датум ги презакажувам за 21.01.2021 со почетон во 10ч на ZOOM.
Ви благодарам и извинете за направената грешка.
БМиова


14 јануари 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНИОТ КОЛОКВИУМ ПО КЛЕТОЧНА БИОЛОГИЈА/ЦИТОЛОГИЈА (РАСТИТЕЛЕН ДЕЛ)

Резултатите од практичниот колоквиум може да ги најдете на следниов линк. Колоквиумот се смета за положен со минимум 3.5 од вкупно 7 бода. 


11 јануари 2021

Термини за испитна сесија по предметите Анатомија на човек, Типологија на животни 2 и Споредбена Аанатомија

I декада на 28.01.2021 - теорија во термин од 11ч до 13ч.
II декада 05.02.2021 - теорија во термин од 11ч до 13ч.
Студентите задолжително да се пријават во Формулар за запишување
Студентите од Анатомија на човек кои треба да преполагаат еден колоквиум можат да го полагаат само во првата декада. Доколку колоквиумот не биде положен, истите студенти имаат право да се јават на цел испит во втора декада.
Студентите кои треба да полагаат практичен испит по сите предмети да се пријават на меил кај Ј.Арсовска (julyarsovska@gmail.com и julijana.arsovska@pmf.ukim.mk)


11 јануари 2021

ТЕРМИН ЗА ПОТПИС ВО ИНДЕКС

Се известуваат сите студенти кои остваруваат право за потпис, да ги донесат индексите на 12.01.2021 (вторник), во период од 11-12 часот, во канцеларијата на Проф. д-р Ленка Цветановска. 


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.