Соопштенија

11 ноември 2020

Термини за ноемвриска сесија по Типологија на животни 2 и Споредбена анатомија 

Се известуваат студентите дека терминот за испит по наведените предмети ќе се одвива на 27.11. 2020 (петок), со почеток во 14ч во информатички амфитеатар. За организирање на испитот потребно е да се запишете на список. 

Потсетување: задолжително со себе носете индекс и почитувајте ги здравствените протоколи!

Со почит,

Милица Ристовска (milica.ristovska@yahoo.com)


11 ноември 2020

TЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО НОЕМВРИСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА) СЕСИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА 

Термините за полагање во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија на Одделението за молекуларна биологија се:

-  испит од практичниот дел од наставата на 25.11.2020 (среда)  од 13 часот; Список 

-  испит од теоретскиот дел од наставата на 2.12.2020 (среда) од 13 часот. Список

Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.

За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред термините за испит на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список. Списокот ќе биде затворен 24 часа пред испитот.

Во оваа сесија може да се полагаат само предмети кои биле  слушани во летниот семестар од академската 2019/2020 година. Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во академската   2020/2021 година и   уредно им е заверен летен семестар од академската 2019/2020 година. Задолжително  е електронското  пријавување  во “i-know” системот. 

Проф. д-р Сашо Панов

Доц. д-р Славица Јосифовска    


11 ноември 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ПОЛАГААТ ИСПИТИ ВО НОЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РАСТИТЕЛНА ФИЗИОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

кај предметните наставници Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и Доц. д-р Оливер Тушевски

Испити

Датум на

полагање

Списоци за запишување

Практични испити 

23.11.2020

Список

Растителна физиологија

24.11.2020

Список

Молекуларна биологија на растенија

24.11.2020

Список

Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткиво

25.11.2020

Список

 

Изборни предмети

25.11.2020

Список

Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.

Во текот на полагањето студентите ќе бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom и пред себе треба да имаат индекс за идентификација.

Дополнителни објаснувања за полагањето и информациите за апликацијата Zoom, студентите ќе добијат на личната е-маил адреса еден ден пред полагањето.

Линкот и лозинката на ZOOM страницата на која ќе се полага испитот ќе бидат испратени на личната е-маил адреса на студентите еден ден пред полагањето.

Списоците ќе бидат затворени 72 часа (3 дена) пред полагање на испитот и поради тоа, студентите кои не се запишале на соодветниот список нема да може да полагаат.ж

Студентите имаат право да ги полагаат задолжителните и изборните предмети слушани во летниот семестар во учебната 2019/2020 година кои претходно се пријавени во iKnow системот.


10 ноември 2020

Термин за полагање во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија кај Професор д-р Ленка Цветановска

Испитите кај Професор д-р Ленка Цветановска во ноeмвриската (дополнителна) испитна сесија ќе се полагаат на 26.11.2020 во 10h со физичко присуство.

Сите студенти да се пријават за полагање на следниот линк.

Катедра за растителна биохемија и физиологија


10 ноември 2020

Практичен испит на Катедрата за општа физиологија и имунологија во дополнителната ноемвриска испитна сесија 2020г.

Полагањето на практичните испити во ноемвриската сесија 2020г. на Катедрата за општа физиологија и имунологија ќе се одржи на 01.12.2020 г.

Студентите треба задолжително да се пријават на следниот линк https://forms.gle/nEKoZqWfkFDzgBmt7  најдоцна два дена пред испитот.

Испитите ќе бидат спроведени online. Подетални информации и инструкции ќе добиете на вашите e-mail адреси еден ден пред испитот.

Марија Ангеловски


06 ноември 2020

ТЕРМИН ЗА ПРВ ПИСМЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ГЕНЕТИКА (СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)

Првиот писмен колоквиум по предметот Општа генетика ќе се одржи на 18.11.2020, од 10 до 12 часот. Пријавувањето за полагање на колоквиумот може да го направите на следниов линк. Поради запазување на протоколите, полагањето ќе се одвива во 2 групи: од 10 до 12 часот и од 13 до 15 часот. Студентите кои што веќе претходно се пријавиле за полагање со физичко присуство, треба само да се запишат во соодветниот sheet, во која група сакаа да полагаат.

Бројноста на студентите во двете групи треба да е балансирана. Доколку бројот на студентите во едната група е несразмерно поголем во однос на другата, катедрата го задржува правото да префрли одреден број во соодветната група, со претходна најава на студентите кои што ќе бидат префлени.

За просторијата каде што ќе се полага колоквиумот студентите ќе бидат известени на денот на полагањето.

ВАЖНО: Овој термин важи само за студентите кои што по првпат го запишале предметот во тековниов семестар и студентите кои што го презапишале предметот во овој семестар. Студентите кои што го слушале предметот во изминатата учебна година, ќе можат да го полагаат колоквиумот/испитот во терминот за Ноемвриската дополнителна сесија, кој што ќе биде дополнително објавен.

Со почит,

Катедра за генетика

 



06 ноември 2020

Можност за соработка на „Програма за унапредување на улогата на науката“ (за студенти и млади истражувачи)

Сите информации се достапни во прикачениот документ.

симни документ


29 октомври 2020

НАЧИН НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРВИОТ ТЕОРЕТСКИ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ГЕНЕТИКА

Студентите кои што планираат да го полагаат првиот теоретски колоквиум по предметот Општа генетика, треба да се изјаснат дали сакаат да го полагаат усно (онлајн) или писмено (со физичко присуство), на следниов линк. Терминот за полагање ќе биде дополнително истакнат.

Со почит,

Катедра за генетика

 


09 октомври 2020

Соопштение за запишување семестар – координаторство

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека рокот за запишување семестар истекува денес (петок, 9.10.2020 год.). Сите студенти кои не ги подигнале своите индекси од библиотеката на Институтот за биологија, треба да ги подигнат и да ги однесат во службата за студентски прашања.

За секое задоцнето запишување на семестарот ќе треба да се плати соодветна казна.

Со почит,

ЕКСТ Координатори на Институтот за биологија

Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, студии по биохемија и физиологија

Проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ, студии по нутриционизам

Проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска, студии по молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р Катерина Русевска, студии по биологија, екологија, двопредметни биологија-хемија


08 октомври 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

Се известуваат сите студенти кои имаат запишано изборен предмет кај проф. Ленка Цветановска да се потпишат на долу наведениот линк.

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1lZaEjClyFpW4vLfOMgGEDpsVv_i_qaVFSSNSGbH6tWg/edit#gid=0

Катедра за растителна биохемија и физиологија 


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.