Соопштенија

10 ноември 2020

Практичен испит на Катедрата за општа физиологија и имунологија во дополнителната ноемвриска испитна сесија 2020г.

Полагањето на практичните испити во ноемвриската сесија 2020г. на Катедрата за општа физиологија и имунологија ќе се одржи на 01.12.2020 г.

Студентите треба задолжително да се пријават на следниот линк https://forms.gle/nEKoZqWfkFDzgBmt7  најдоцна два дена пред испитот.

Испитите ќе бидат спроведени online. Подетални информации и инструкции ќе добиете на вашите e-mail адреси еден ден пред испитот.

Марија Ангеловски


06 ноември 2020

ТЕРМИН ЗА ПРВ ПИСМЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ГЕНЕТИКА (СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)

Првиот писмен колоквиум по предметот Општа генетика ќе се одржи на 18.11.2020, од 10 до 12 часот. Пријавувањето за полагање на колоквиумот може да го направите на следниов линк. Поради запазување на протоколите, полагањето ќе се одвива во 2 групи: од 10 до 12 часот и од 13 до 15 часот. Студентите кои што веќе претходно се пријавиле за полагање со физичко присуство, треба само да се запишат во соодветниот sheet, во која група сакаа да полагаат.

Бројноста на студентите во двете групи треба да е балансирана. Доколку бројот на студентите во едната група е несразмерно поголем во однос на другата, катедрата го задржува правото да префрли одреден број во соодветната група, со претходна најава на студентите кои што ќе бидат префлени.

За просторијата каде што ќе се полага колоквиумот студентите ќе бидат известени на денот на полагањето.

ВАЖНО: Овој термин важи само за студентите кои што по првпат го запишале предметот во тековниов семестар и студентите кои што го презапишале предметот во овој семестар. Студентите кои што го слушале предметот во изминатата учебна година, ќе можат да го полагаат колоквиумот/испитот во терминот за Ноемвриската дополнителна сесија, кој што ќе биде дополнително објавен.

Со почит,

Катедра за генетика

 



06 ноември 2020

Можност за соработка на „Програма за унапредување на улогата на науката“ (за студенти и млади истражувачи)

Сите информации се достапни во прикачениот документ.

симни документ


29 октомври 2020

НАЧИН НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРВИОТ ТЕОРЕТСКИ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ГЕНЕТИКА

Студентите кои што планираат да го полагаат првиот теоретски колоквиум по предметот Општа генетика, треба да се изјаснат дали сакаат да го полагаат усно (онлајн) или писмено (со физичко присуство), на следниов линк. Терминот за полагање ќе биде дополнително истакнат.

Со почит,

Катедра за генетика

 


09 октомври 2020

Соопштение за запишување семестар – координаторство

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека рокот за запишување семестар истекува денес (петок, 9.10.2020 год.). Сите студенти кои не ги подигнале своите индекси од библиотеката на Институтот за биологија, треба да ги подигнат и да ги однесат во службата за студентски прашања.

За секое задоцнето запишување на семестарот ќе треба да се плати соодветна казна.

Со почит,

ЕКСТ Координатори на Институтот за биологија

Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, студии по биохемија и физиологија

Проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ, студии по нутриционизам

Проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска, студии по молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р Катерина Русевска, студии по биологија, екологија, двопредметни биологија-хемија


08 октомври 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

Се известуваат сите студенти кои имаат запишано изборен предмет кај проф. Ленка Цветановска да се потпишат на долу наведениот линк.

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1lZaEjClyFpW4vLfOMgGEDpsVv_i_qaVFSSNSGbH6tWg/edit#gid=0

Катедра за растителна биохемија и физиологија 


06 октомври 2020

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА MICROSOFT TEAMS

Почитувани,
теоретската настава на факултетот во следниот период ќе се одвива online.

За таа цел:
 
1.Инсталирајте ја алатката Microsoft Teams.

2.Проверете која е вашита мејл адреса за најава на Microsoft Teams од типот ime.prezime@students.pmf.ukim.mk, на следниот линк, [видео упатство или PDF].

3.Следете ги упатствата од професорите за тоа како ќе се одвива наставата по секој предмет.

4.Проверувајте е-маил почесто.

Ви посакуваме успешна работа.


04 октомври 2020

РАСПОРЕД ЗА ПРЕДАВАЊА И ВЕЖБИ

Почитувани колеги,

Објавен е распоред за предавања и вежби за студенти од ИБ (Распоред за предавања, зимски семестар – во менито, десно) за време на корона состојбата во зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, кој се базира нa некои од следниве правила:

  1. Наставата ќе се одвива циклично (2 недели предавања, 2 недели вежби).
  2. Со иста динамика ќе се одвива наставата за 1 и 7-ми семестар, а наизменично на тоа, со иста динамика наставата во 3 и 5-ти семестар (види Генерален план за наизменична настава).
  3. Предавањата ќе се одвиваат online, со дупли термини во текот на една работна недела (види распоред за предавања за секој од семестрите).
  4. Вежбите ќе се одвиваат на факултет, со физичко присуство, во групи не поголеми од 12 студенти, во единечни термини во текот на една работна недела  (види распоред за вежби за секој од семестрите).
  5. Контактот со професорите може да го остварите преку личниот маил на професорот или асистентот.
  6. Наставата за студентите од 1 семестар започнува на 5.10.2020. За сите останати семестри, контактирајте го соодветниот професор или асистент.
  7. Студентите кои запишуваат предмети од различни семестри, ќе мора да воспостават личен контакт со соодвените професори за организирација на присуството на предавања и вежби.
  8. Финално, ве молиме почитувајте ги протоколите пропишани за однесување во корона состојба.

ВИ ПОСАКУВАМЕ ЗДРАВЈЕ И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА

Институт за биологија


02 октомври 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА ФОРМИРАНИ ГРУПИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВЕЖБИ 

Се известуваат студентите од прв семестар дека вежбите ќе се одвиваат во групи од најмногу 12 студенти. Списокот на групите по насоки можете да го симнете овде.


29 септември 2020

Прв Академски час 2020/2021

Почитувани студенти запишани во 1. семестар од академската 2020/2021,

Ве известувамe дека првиот Академски час во новата учебна година на 01.10.2020 г. (четврток) ќе биде организиран во Информатичкиот амфитеатар според следниот распоред:

Молекуларна биологија со генетика

 12,00 h

Нутриционизам

 13,00 h

Биохемија и физиологија
Биологија
Екологија
Биологија-Хемија

 14,00 h


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.