Почитувани колеги, термините за полагање кај проф. д-р Дана Прелиќ и проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска во јануарско-февруарската испитна сесија се следниве: практичен испит по предметите Општа екологија (еколошка насока), Анимална екологија со зоогеографија (наставна насока), Екологија на антропогени екосистеми (еколошка насока) и Основи на екологија и еволуција (биохемиско-физиолошка насока и насока молекуларна биологија) ПРВА ДЕКАДА: 18.01.2021 (понеделник), од 10:00 – 12:00 часот ВТОРА ДЕКАДА: 04.02.2021 (четврток), од 10:00 – 12:00 часот
теоретски испит по предметите Општа екологија (еколошка насока), Анимална екологија со зоогеографија (наставна насока), Екологија на антропогени екосистеми (еколошка насока), Основи на екологија и еволуција (биохемиско-физиолошка насока и насока молекуларна биологија) и Биоми (наставна и еколошка насока), Здравствена екологија (насока Нутриционизам) ПРВА ДЕКАДА: 20.01.2021 (среда), од 10:00 – 12:00 часот ВТОРА ДЕКАДА: 05.02.2021 (петок), од 10:00 – 12:00 часот Полагањето на испитите ќе се одвива по електронски пат. Линкот за вклучување ќе ви биде дополнително испратен на индивидуалните е адреси. Ве замолувам да го пријавите своето учество на овој линк. Од предметните наставници
Практичен испит на Катедрата за општа физиологија и имунологија во првата испитна сесија во учебната 2020/2021 година
Термините за полагање на практичните испити се:
-Прва декада: 21.01.2021
-Втора декада: 03.02.2021
Студентите имаат право да полагаат во една од горенаведените декади со задолжително пријавување нa следниов линк https://docs.google.com/spreadsheets/d/1dAabIm7RdxEpdBTp9jRGcZuynpGGbpt95FGiJrSPgdE/edit?usp=sharing најдоцна два дена пред испитот.
Испитите ќе бидат спроведени online на платформата zoom. Подетални информации за време и начинот на полагањето ќе добиете на вашите e-mail адреси еден ден пред испитот.
Марија Ангеловски
TЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ПРВА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/21 ГОДИНА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА
Термините за полагање во прва испитна сесија во академската 2020/2021 година на Одделението за молекуларна биологија се:
Прва декада
- испит од практичниот дел од наставата на 25.1.2021 (понеделник) од 12 часот; Список
- испит од теоретскиот дел од наставата на 27.1.2021 (среда) од 12 часот. Список
Втора декада
- испит од практичниот дел од наставата на 3.2.2021 (среда) од 12 часот; Список
- испит од теоретскиот дел од наставата на 5.2.2021 (петок) од 12 часот. Список
Студентите кои ќе полагаат, треба да се пријават електронски на соодветниот список кои се достапни во ова соопштение до секој од термините за полагање. Правата и обврските за полагање на студентите се објаснети во соопштението од Деканатот.
За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред термините за испит на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список. Списокот ќе биде затворен 24 часа пред испитот.
Проф. д-р Сашо Панов
Доц. д-р Славица Јосифовска
Известување за начинот и терминот на спроведување на Студентски избори 2020
Почитувани студенти,
Вe известуваме дека со оглед на состојбата со CoVid-19 и потребата за примена на мерки за справување со коронавирусот, собирите на студенти по Институти ќе се спроведат on-line, така што, тајното гласање за пријавените кандидати од соодветната студиска година со кое ќе се утврдат кандидатите за членови на Факултетското студентско собрание ќе се спроведе на 04.01.2021 година.
Сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 04.01.2021 година.
На изборите кои ќе се спроведат на ниво на Институти, секој студент има право на глас само за кандидатите за членови од неговата студиска програма и годината на студии во која студентот е запишан.
Гласањето за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ниво на ПМФ ќе се спроведе на 11.01.2021 година, така што, сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 11.01.2021 година.
На изборите на ниво на ПМФ, сите студенти имаат право на глас за претседател на ФСС и право на глас за сите кандидати за членови на ФСС.
Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.
Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје
Прва испитна сесија во академската 2020/2021 година
Детални информации се достапни во прикачениот документ.
ВТОР КОЛОКВИУМ за група предмети кои се слушаат на КАТЕДРА ПО МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА
ЈАНУАРСКО ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА
Вториот колоквиум по предметот Анатомија на човек (теорија) ќе се одржи на 15.01.2020 во термини од 13ч до 14:00 и од 14:30 до 15:30
Распоредот на полагање ќе биде ист како и за првиот колоквиум. Студентите кои го презапишале предметот да го контактираат предметниот професор за распоредот на полагање, еден ден пред полагањето milica.ristovska@yahoo.com
Реакција на Природно-математичкиот факултет во врска со новата концепција за основно образование
Прикачениот документ ја содржи реакцијата на ПМФ - Скопје во врска со новата концепција за основно образование. Истата е испратена до Министерството за образование и наука.