Термини за практичните испити на Одделението за општа физиологија и имунологија во првата (зимска) испитна сесија, 2019 година
Термини за практичните испити во првата (зимска) испитна сесија-2019 година, по предметите „Општа физиологија“ (студии по биохемија и физиологија и студии по биологија), „Молекуларна физиологија“ (студии по молекуларна биологија), „Анатомија и физиологија на човек“ (двопредметни студии по биологија-хемија) и „Општа физиологија 2“ (студии по аналитичка биохемија) се:
Напомена: Студентите имаат право да полагаат во еден од наведените термини и треба задолжително да се пријават најдоцна еден ден пред испитот.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЗИМСКА (ПРВА) ИСПИТНА СЕСИЈА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ. 2018/2019 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ДЕКАДИ И ТОА:
− ПРВА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 14.01.2019 ДО 30.01.2019 ГОД.
− ВТОРА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 31.01.2019 ДО 15.02.2019 ГОД.
ТЕРМИНИТЕ ГИ ОБЈАВУВААТ ИНСТИТУТИТЕ ПРИ ФАКУЛТЕТОТ.
СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА.
СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА ИМААТ УРЕДНО ЗАПИШАН ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ДА ИМААТ ПОТПИС ВО ИНДЕКСОТ ОД ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР.
Термини за полагање на вториот колоквиум и преполагање на еден од колоквиумите по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов
Полагањето на вториот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за сите насоки ќе се одржи на 21.12.2018г од 11ч.
Преполагањето на еден од колоквиумите по предметот Основи на молекуларна биологија за сите насоки ќе се одржи на 28.12.2018г од 11ч.
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПОФАЛНИЦИ ПО ПОВОД 16-ти ДЕКЕМВРИ
Поради активностите за доделување пофалници по повод 16-ти Декември, се молат студентите на Институтот за биологија од сите насоки, кои имаат просек (од 8,50 па нагоре), а ја имаат ликвидирано претходната студиска година заклучно со септемвриската сесија, како и студенти ослободени од партиципација поради постигнат успех, да се јават во Библиотеката на Институтот за биологија заради евиденција и да понесат со себе индекс со внесени оценки како доказ.
Рокот за пријавување и евиденција е 06.12.2018 год (четврток) до 15,00 h, по што ќе бидат истакнати и прелиминарните списоци за увид.
Раководител на Институт за биологија
Термини за полагање на првиот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов
Полагањето на првиот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов ќе се одржи на:
Термини за полагање во ноемвриска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов
|
Термините за полагање во ноемвриска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов се:
Испитите започнуваат во 12 часот. За подобра организација на испитот, молиме студентите да се евидентираат на списокот на огласната табла пред Лабораторијата за молекуларна биологија најдоцна 2 часа пред полагањето. |
Термини за ноемвриска и априлска испитна сесија на ПМФ-Скопје
Одлуката може да се погледне во прикачениот документ.
Термин за практичните испити, на Одделението за општа физиологија и имунологија, во ноемвриска испитна сесија во учебната 2017/2018 година
Термин за практичните испити во ноемвриската испитна сесија (учебна 2017/2018г.) е 30.11.2018, со почеток во 12 часот.
Оглас за избор на демонстратори за учебната 2018/2019 година
Огласот и формуларот за пријава може да се најдат во прикачениот документ.
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО 22.10.2018 (ПОНЕДЕЛНИК) - НЕРАБОТЕН ДЕН
Почитувани,
поради интервенции на електричната мрежа и прекин на напојувањето во сите згради на ПМФ-Скопје, во понеделник (22.10.2018 год.) нема да се работи. Ќе следи дополнително известување во врска со една работна сабота, како надомест за изгубениот работен ден.
Со почит,
ИБ
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |