Термини во мартовската испитна сесија за полагање на предмети кај професор д-р Сашо Панов
Термините за полагање во мартовска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов се:
- испит од практичниот дел од наставата на 26.03.2018г (понеделник)
- испит од теоретскиот дел од наставата на 30.03.2018г (петок)
Испитите се со почеток од 12 часот.
За подобра организација на испитот, молиме студентите да се евидентираат на списокот на огласната табла пред Лабораторијата за молекуларна биологија најдоцна 2 часа пред полагањето.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА
Се известуваат сите студенти на Институтот за биологија дека колоквиумската недела ќе се организира во периодот од 16.4.2018 до 21.4.2018 год. Термините за полагање на колоквиумите ќе бидат одредени во договор со соодветните предметни наставници.
Предмет ГМО
Првото предавање по предметот ГМО ќе се одржи на 16.02.2018 петок во 8.15 во предавална 75 (во подрум).
Термин за испит по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов на 07.02.2018г.
Во согласност со одлуката на Деканатската управа за организирање дополнителен ден сесија на 07.02.2018 година (среда), испитот по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов ќе се одржи со почеток од 12часот.
Презентација на компанијата „Лек“ и на Хемискиот институт од Љубљана, Р. Словенија
На ден вторник, 13.02.2018 во 13 часот во физичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи презентација за кариерни и научно-истражувачки можности за идни дипломанти од сферата на природните науки од страна на две институции од Република Словенија:
1. Lek Pharmaceuticals d.d., член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en)
2. Хемиски институт - Љубљана (https://www.ki.si/en/)
Целта на презентацијата ќе биде претставување на овие две институции, нивната позиција во Република Словенија и можностите за идна кариера и научно-истражувачка работа кои тие ги нудат за студентите на ПМФ. Дополнително, ќе биде промовиран престојниот Регионален Биокамп 2018 кој ќе се одржи помеѓу 27-29 мај во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од ПМФ. (https://www.lek.si/en/careers/biocamp/biocamp-2018/). Презентацијата ќе трае 45 минути, а говорници ќе бидат:
1. Нина Битенц - Проектен координатор во Хемиски институт - Љубљана.
2. Даниел Јаневски - Раководител на сектор за лекови без рецепт.
3. Огнен Јакасановски, студент на Фармацевтски факултет – УКИМ, моментално на академска пракса во компанијата Лек во Љубљана.
Презентацијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Сите заинтересирани студенти се добредојдени!
Резултати од практичниот дел од испитот по предметите „ОПШТА ФИЗИОЛОГИЈА“ и „ОПШТА ФИЗИОЛОГИЈА 2“
Се замолуваат студентите да дојдат да ги погледнат своите тестови во лаб. 78.
(На повеќето тестови не е запишан бројот на индекс на студентот кој полагал. Затоа, поради заштита на приватноста на студентите, резултатите не може да бидат објавени на веб сајтот на Институтот)
СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАВЕРКА И УПИС НА СЕМЕСТАР
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
(погледнете го приложениот документ)
Соопштение за зимскиот испитен рок во учебната 2017/2018 година.
Погледнете го приложениот документ.
Покана за Денот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - 18.12.2017 год.
Покана по повод Денот на Природно-математичкиот факултет и свеченото доделување на дипломи на студентите кои дипломирале во текот на 2017 год.
Систематски прегледи
Соопштение за систематски преглед на студентите од ПРВА година во учебната 2017/2018 год.