„Предизвик за студенти иноватори“
Јавен повик за финансиска подршка на Факултетите од кампусот Стив Наумов преку проектот „Предизвик за студенти иноватори“.
Повеќе информации:
Крајниот рок за аплицирање е 04 Јуни 2018 година.
Термини за практични испити по предметите „Општа физиологија“, „Молекуларна физиологија“, „Анатомија и физиологија на човек“ и „Општа физиологија 1 и 2“ во летниот испитен рок
Термините за практичните испити по предметите „Општа физиологија“ (студии по биохемија и физиологија и студии по биологија), „Молекуларна физиологија“ (студии по молекуларна биологија), „Анатомија и физиологија на човек“ (двопредметни студии по биологија-хемија) и „Општа физиологија 1 и 2“ (студии по аналитичка биохемија) во летниот испитен рок се:
Прва декада: 31.05.2018 г. од 11 часот
Втора декада: 12.06.2018 г. од 11 часот
Напомена: Студентите имаат право да полагаат во еден од наведените термини и треба задолжително да се пријават најдоцна еден ден пред испитот.
16.05.2018
Од предметниот асистент
ПРЕДАВАЊА ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Повеќе информации се достапни во прикачениот документ.
ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
Локација: Кампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). 5 МАЈ 2018 год., 10-17 часот.
(Повеќе информации во прикачениот документ).
„Предизвик за студенти иноватори“
Јавен повик за натпревар на иновативни идеи насловен како „Предизвик за студенти иноватори“.
Крајниот рок за пријавување е 04 Јуни.
Повеќе детали може да се најдат во јавниот повик и пријавата апликација на веб страната:
Термини во мартовската испитна сесија за полагање на предмети кај професор д-р Сашо Панов
Термините за полагање во мартовска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов се:
- испит од практичниот дел од наставата на 26.03.2018г (понеделник)
- испит од теоретскиот дел од наставата на 30.03.2018г (петок)
Испитите се со почеток од 12 часот.
За подобра организација на испитот, молиме студентите да се евидентираат на списокот на огласната табла пред Лабораторијата за молекуларна биологија најдоцна 2 часа пред полагањето.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА
Се известуваат сите студенти на Институтот за биологија дека колоквиумската недела ќе се организира во периодот од 16.4.2018 до 21.4.2018 год. Термините за полагање на колоквиумите ќе бидат одредени во договор со соодветните предметни наставници.
Предмет ГМО
Првото предавање по предметот ГМО ќе се одржи на 16.02.2018 петок во 8.15 во предавална 75 (во подрум).
Термин за испит по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов на 07.02.2018г.
Во согласност со одлуката на Деканатската управа за организирање дополнителен ден сесија на 07.02.2018 година (среда), испитот по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов ќе се одржи со почеток од 12часот.
Презентација на компанијата „Лек“ и на Хемискиот институт од Љубљана, Р. Словенија
На ден вторник, 13.02.2018 во 13 часот во физичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи презентација за кариерни и научно-истражувачки можности за идни дипломанти од сферата на природните науки од страна на две институции од Република Словенија:
1. Lek Pharmaceuticals d.d., член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en)
2. Хемиски институт - Љубљана (https://www.ki.si/en/)
Целта на презентацијата ќе биде претставување на овие две институции, нивната позиција во Република Словенија и можностите за идна кариера и научно-истражувачка работа кои тие ги нудат за студентите на ПМФ. Дополнително, ќе биде промовиран престојниот Регионален Биокамп 2018 кој ќе се одржи помеѓу 27-29 мај во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од ПМФ. (https://www.lek.si/en/careers/biocamp/biocamp-2018/). Презентацијата ќе трае 45 минути, а говорници ќе бидат:
1. Нина Битенц - Проектен координатор во Хемиски институт - Љубљана.
2. Даниел Јаневски - Раководител на сектор за лекови без рецепт.
3. Огнен Јакасановски, студент на Фармацевтски факултет – УКИМ, моментално на академска пракса во компанијата Лек во Љубљана.
Презентацијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Сите заинтересирани студенти се добредојдени!
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |