Вонреден професор д-р Јасмина Димитрова-Шумковска


Материјали


Кабинет 30 Дир. телефон 02 3 249 600 Email jasminad@pmf.ukim.mk Консултации Понеделник (13-15ч. - практично)/ Вторник (13-15ч. - теорија)

Биографија

Образование 

Родена во Скопје, во 1971 го­ди­на. Во учебната 1990/91 година се запишува на Природно-матема­ти­чкиот фа­ку­­лтет (ПМФ) при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, и сту­ди­ра на  Институтот за биологија, биохемиско-физиолошка на­сока. Ди­пло­­­­мира во 1995 година со просечен успех 9,61 и прогласена е за сту­дент на генерацијата. Во текот на студиите покажува изразен интерес за биохе­миската на­ука. Во 1996 година е примена за стручен сора­ботник на Катедрата за биохемија, во состав на  Зав­одот за физио­ло­гија  и био­хе­мија,  на  Инсти­­ту­тот за биологија при Природно-мате­ма­­ти­чкиот факултет. Во Учебната 1996/1997 година се запишува на пост­дипло­мски студии на Институтот за био­логија (биохемиско-физиолошка насока) при мати­чниот факултет.  Во звање по­млад асистент е избрана на ден 29.10.1999 година на Заводот за физи­о­­ло­­гија и биохе­мија, а реизбра­на е на 25.09.2002 го­дина при истиот Завод.  Маги­сте­рската теза, ја пријавува на 17.04.2000 година под на­слов “Влијанието на некои не­за­ситени масни киселини и амино киселината аргинин врз липо­про­те­ински­от метаболизам кај хиперхолесте­роле­ми­чни стаорци, и истата  ја одбранува на 20.12.2002 година. Докторската дисертација под наслов Oxidative stress induced in vivo by atherogenic diet and the carcinogen dimethylbenz[a]anthracene (7,12 DMBA). Possible impact on atherosclerosis, ја работи во соработка со Медицинскиот факултет, Оддел за фармакологија, на Technion Institute of Technology, Haifa, Israel, под коменторство на д-р Јehuda Arieh Veenman.

 

Наставна дејност

Во рамките на професионалите задолжувања на Институтот за билогија, ја води Катедрата за експериментална и патолошка биохемија. Одржува настава по предметите Општа биохемија, Биохемија 1, Биохемија 2 и Анимална биохе­ми­ја за студе­нтите од II и III година, ка­ко и предметот Клиничка био­хе­ми­ја за студе­нтите од IV година на насоките молекуларна биологија и биохемиско физиолошка.

 

Поле на истражување

Едно од значајните подрачја на истражување на д-р Димитрова-Шумковска се индуцирани алтерации во липидниот метаболизам и коре­ла­циите со кардиова­ску­ларните и нервно-дегенеративните заболу­ва­ња. Во одговор на потребата за кори­сте­ње на соодветен анимален мо­дел за експе­рименталните истражувања, основа фа­рма за нов сој на експе­ри­ментални трансгенични животни со што зна­чајно придо­не­сув­а за про­ши­рување на  научно-истражувачката база на Инстит­утот за био­логија. 

 

Член во научни национални и меѓународни асоцијации

Дру­штво на био­лозите на Република Македонија (од 1998)

Друштво на меди­цин­ски­те биохемичари (од 2004)

Друштвото на физиолозите  на Република Маке­до­нија (од 2006)

Israel Society for Neurosciences (од 2008)

 

Научно-истражувачка дејност

Научен истражувач

Соработка со Фармаколошкиот  оддел при Медицинскиот факултет- Технион, Израел (Medical Faculty, TECHNION - Israel Institute оf Technology, Haifa, Israel)   и истражувачката лабораторија на Prof. Moshe Gavish (2007- )

Визитинг професор (од 2014-2015)

Лабораторија за регенерација на ткива, School of Life Sciences, SHANGHAI UNIVERSITY, Republic of China,  Истражувачка лабораторија на Prof. Junjie Xiao

 

Учесник во научни проекти

(2016-2017)Mir-17-3p Contributes to Exercise-Induced Physiological Hypertrophy. (Ministry of Science of Macedonia and Ministry of Science of PR China, bilateral project).

 (2007-2009) The Peri­pheral­-­Type Benzodiazepine Rece­ptors: Cancerogensis and Steroidogenic Production; 18kda Translocator Protein and Oxidative Stress in vivo.   Horowitz Research Fund , 2000156, Elias Medical Research Fund , 2009264, Technion (Israel).

 (2007-2008) Anticarcinogenic And Antiatherogenic Activity of Sporocarp Extract From sele­cted Taxa, Typical for The Region of Balcan Peninsula in Correlation to the Phylo­genetic Position  of Source Fungi  (Ministry of Science of Macedonia and Ministry of Science and Forestry of Slovenia, bilateral project).

 (2001-2004) The Impact of Dietary Unsaturates and L-Arginine Administration Upon Lipoprotein and Carbohydrate Metabolism in Mildly Hypercholesterolemic Wistar-Rats.



 

© 2020. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.