Славица Тофиловска Камишевска е родена во Скопје каде го завршува основното и средното образование. Се запишува на додипломски студии на Институтот за биологија во 2009 година на еколошка насока. Во текот на студиите е активен член и претседател на Истражувачкото друштво на студенти биолози во 2013 година. Додипломските студии ги завршува во 2014 година со просечен успех 9,45. Се запишува на постдипломски студии на Институтот за биологија на насока еколошко-таксономска и во 2019 година ја пријавува магистерската тема „Диверзитет и екологија на подземните габи во Република Северна Македонија“ на катедрата за Микологија, а истата успешно ја одбранува во октомври 2021 година со што се стекнува со назив магистер по биологија (екологија), со просечен успех 10,00. Досега има реализирано осум студиски престои во странство, и тоа на Универзитет во Хал – Англија, Природонаучен музеј во Лондон – Англија, Институт за шумарство во Љубљана – Словенија (три престои), Институт за шумски науки во Бјалисток – Полска, Лабораторија за микологија, Оддел за животна средина во Универзитетот Аквила – Италија, и Оддел за ботаника и истражување на биолошката разновидност при Универзитетот во Виена – Австрија. Студиските престои во Словенија, Италија и Австрија се со главен фокус на анализи за молекуларна филогенија на габи. Дел од престоите се реализирани преку научни проекти, а дел преку добиени стипендии и тоа преку The British Scholarship Trust и ERASMUS Plus. Има добиено два истражувачки гранта, еден од Synthesis of systematic resources и еден грант од International Association for Plant Taxonomy. Досега има учествувано во реализација на вкупно 34 проекти, од кои 7 научни и 27 апликативни проекти. Од научните проекти може да се истакне учеството во проектите: Молекуларна филогенија, видово разнообразие и екологија на одбрани родови од подземни габи од типот Ascomycota од Македонија и Австрија; Содржина на тешки метали кај одбрани видови диви макромицети во Македонија и покраината Јунан во Кина; Важноста на атипичните микоризни партнери и нивниот екофизиолошки статус за опстанокот и дистрибуцијата на тартуфите. Исто така значајно е учеството во изработката на црвена листа на габи на Македонија согласно критериумите на IUCN, Проценка на статусот на загрозеност на видови габи во Македонија. Својата работа ја има презентирано на меѓународни конференции со вкупно 52 соопштениja, како постери или усни презентации. Има добиено признание за најдобра презентација со значаен придонес во познавањето на биодиверзитетот во 2022 и награда за најдобра постер презентација во 2014. Досега има објавено вкупно 28 научни труда, од кои 14 со фактор на влијание согласно базата Web of Science. Во моментот работи како асистент на катедрата за Микологија, Институт за биологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, со главен фокус на истражување на филогенија и филогеографија на селектирани родови од подземни габи. Учествува во одржувањето на практичната настава по предметите: Микологија, Габите во Македонија, Отровни габи, Медицински габи, Нутритивна и медицинска вредност на габите, Методика во наставата по биологија, Експеримент во наставата по биологија, Оценување во наставата по биологија. Членува во професионални асоцијацииа и во невладини организации за истражување и заштита на природата, EMA – Европска миколошка асоцијација (член); MMД – Македонско миколошко друштво (член); MEД – Македонско еколошко друштво (член).
ORCID | Web of Science | Scopus | Google Scholar | Research Gate
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |